Унгарец по грешка добил плата од 92.000 евра

Вработен во унгарска компанија по грешка примил плата од 92.548 евра наместо во форинти, така што добил 367 пати повеќе пари отколку што му следувале.

На мажот кому компанијата му го откажала договорот пред истекот на пробниот период, ѝ дал на компанијата австриска банкарска сметка за исплата на преостаната плата. Компанијата така на сметката префрлила 92.549 евра, наместо 92.549 унгарски форинти коишто му ги должела, а вредат всушност 238 евра.

Набрзо потоа компанијата ја открила грешката и го замолила мажот да го врати вишокот. Тој одбил да го стори тоа, правдајќи се на различни начини. Меѓу другото, рекол дека нема пристап до австриската банкарска сметка. Истовремено подигнал околу 15.000 евра од банкомат во градот Капошвар на југозападот на Унгарија.

Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, обвинителството во Капошвар подигнало обвинение против него. Обвинет е за незаконко присвојување средства, соопшти обвинителството во средата.

Австриските власти успеале во меѓувреме да вратата поголем дел од сумата на оштетената по своја вина компанија. Сепак, обвинителството во унгарскиот град бара изрекување и парична казна и бара надомест на преостаната штета на компанијата.