Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ го посети Дневниот центар за лица со церебрална парализа

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателката Даниела Рангелова направи новогодишна посета на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

Во изминатите неколку години, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ традиционално за новогодишните празници врши посета на овој дневен центар на која на штитениците им делиме новогодишни пакетчиња.

uz-dneven.gif3

-Унијата на жени како општествено одговорна организација во континуитет преку организација на настани од хуманитарен карактер врши исполнување на една од основните цели на Унијата на жени а тоа е што повеќе детски насмевки, изјави Даниела Рангелова.

uz-dneven.gif2

Од Унијата на жени информираат дека во изминатиот период за време и на новогодишните и божиќните празници во сите Општински комитети Унијата на жени организираше хуманитарни активности и делеше новогодишни пакетчиња.

uz-dneven