Уреди за прислушување откриени во близина на седиштата на СИРИЗА и Неа Демократиа

Сомнителни активности и траги од прислушување се лоцирани во областа каде се наоѓаат седиштата на „СИРИЗА“ и „Неа Демократиа“, пишува грчкиот весник „Та Неа“.

Според весникот мобилните телефони биле под надзор на лажни базни станици, инцидент сличен на случајот откриен минатиот месец од страна на норвешкиот дневник „Афтенпостен“.

„Та Неа“ спроведе истражување со посебен мобилен уред „Криптофон 500“ во периодот од 6 до 18 јануари 2015 година. Мерењата се направени на дневна основа и во различни периоди од денот во областите околу седиштата на двете главни политички партии, но исто така и околу министерства, како Министерството за финансии.

Тимот на новинарското истражување опфатил повеќе од 400 километри во Атина и предградијата и направени се 17.371 мерења.

Истражувањето покажало:

-193 „многу сомнителни“ инциденти
-64 „мошне сомнителни“ инциденти
-78 „умерено сомнителни“ инциденти
-263 „ниско сомнителни“ инциденти

Повеќето од „многу сомнителните“ инциденти биле регистрирани на кратко растојание од седиштето на „Неа Демократиа“ и „СИРИЗА“.

Најмногу „сомнителни активности“ сепак се документирани во „триаголникот“ Кулата Атина, американската амбасада и улицата „Пападиамантопуло“, забележува весникот „То Вима“.

Уредот се користи за откривање сомнителни активности-прислушувања, па затоа се смета за еден од најнапредните мобилни апликации со заштита од прислушување.

Весникот забележува дека истиот уред бил користен и во истрагата на норвешкиот весник.

Водејќи се според „Афтенпостен“:

„На неколку локации некој има инсталирано тајни предаватели кои најверојатно се однесуваат како лажни мобилни базни станици. Овие таканаречени IMSI-catchers можат да ги надгледуваат сите мобилни активности во близина.

Лицата кои работат со оваа опрема можат да го следат движењето на секое лице во и надвор од зградата на Парламентот, канцелариите или пак останатите институции во областа. Тие исто така можат да селектираат одредени личности за прислушување и прибирање податоци од нивните „паметни“ телефони.

Лажните базни станици се многу скапи (од 85 илјади до 330 илјади долари ) и не можат легално да бидат продадени на приватни лица во земјите чланки на НАТО.

Само организации со силни ресурси се во можност да „вработат“ ваква опрема, вели експерт за безбедност.

Полицијата и официјалните претставници на службата за разузнавање ја негираа вмешаноста.

Малкумина сакаат да се шпекулира дали приватните компании, странските разузнавачки служби или пак криминалци имаат ресурси за ваква голема шпионажна активност во мобилната мрежа на Осло“.

СИРИЗА веднаш одговори на приказната на „Та Неа“. Оттаму истакнуваат дека „прислушувањето во близина на политичките канцеларии покренува легитимни прашања и проблеми“.

Во меѓувреме, грчките медиуми известуваат дека Обвинителството наредило итна истрага за случајот, меѓутоа ден подоцна „Та Неа“ известува дека сомнителните настани биле премолчени.