Ушковски: СЈО да им ги остави митингашките пресови на политичарите

Дел од медиумите се претворени во алатка за политичка пропаганда на одредена политичка структура, со пренесувањето на незаконски снимените и прибавените материјали, што е спротивно на законот, вели поранешниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски, пренесува ДНЕВНИК.

Тој додава дека тоа го прават т.н. критички настроени медиуми спрема власта, а објавувањето на материјалот под изговор за слобода на медиумското изразување, со што презентираат непотврдени содржини од прислушуваните разговори. Во овој контекст сериозни забелешки има и за СЈО, за како што вели митингашко-популистичките пресови.

– Сите ние што укажуваме дека медиумите ги прекршуваат новинарските принципи и етички кодекси при работата, свесни сме дека тоа е борба меѓу Давид и Голијат. И не сме во можност во која било област, па и за судството, временски да им парираме во однос на нивната 24-часовна програма, во која овие медиуми може да протежираат многу невистини – вели Ушковски.

Поопширно во ДНЕВНИК