Уверенијата за пратеничките мандати на СДСМ ќе им се врачат по пошта

На денешното доделување на уверенијата за пратенички мандат, не се појавија новоизбраните пратеници од опозицијата,  но  уверенијата ќе им бидат испратени по пошта на домашна адреса, изјави заменик-претседателот на ДИК, Субхи Јакупи.

На официјална церемонија во ДИК, Јакупи  им ги врачи  уверенијата на останатите избрани пратеници. Претседателот на Комисијата Никола, Рилкоски, како и членот предложен од СДСМ, Виолета Дума, не присуствуваа на настанот.

ДИК ќе го информира Собранието дека мандатите се врачени, а до крајот на неделата треба да биде закажана и конститутивна седница на новиот парламентарен состав.