Верижна сообраќајка кај Лопатица, едно лице пренесено во болница

Едно лице е пренесено во болница заради здобиени повреди во верижна сообраќајна незгода која се случила на регионалниот пат Битола – Кичево.

– На 19.04.2021 во 11.13 часот било пријавено на регионалниот пат Битола – Кичево, на излез од с.Лопатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(37) од Скопје, патничко возило „фиат пунто“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(62) од Демир Хисар и товарно возило „ивеко“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(47) од с.Логоварди, соопшти МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“ Д.Ѓ.(63) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.