Верона доби подарок бод од Јуве, римското дерби без победник

И покрај сигурната предност од два гола, која ја имаа во поголемиот дел од натпреварот, фудбалерите на Јувентус на крајот освоија само еден бод во дуелот со новајлијата во италијанската Серија А, тимот на Верона.

Без погодоци заврши неделниот дерби натпревар помеѓу градските ривали Лацио и Рома, а минимална но злато вредна победа во дуелот со секогаш незгодниот тим на Сасуоло, забележа тимот на Интер.

Единствениот погодок на натпреварот на “Џузепе Меаца” беше дело на аргентинскиот ветеран, Валтер Самуел.

Првенствената пресметка во Џенова помеѓу екипите на Сампдорија и Калјари заврши со минимален триумф на домаќинот, а последните минути од натпреварот ги одигра и репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими.

Резултати: Торино – Болоња 1:2, Сампдорија – Калјари 1:0, Парма – Катанија 0:0, Ливорно – Џенова 0:1, Верона – Јувентус 2:2, Лацио – Рома 0:0, Интер – Сасуоло 1:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.