(ВИДЕА) Макрон го откажа долгоочекуваниот говор поради пожарот во Нотр-Дам

Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа своето најавено и долгоочекувано обраќање до нацијата во понеделникот вечерта, поради „ужасниот пожар“ кој ја зафати славната париска катедрала Нотр-Дам, соопштија од неговиот кабинет.

Веста е објавена во моментите кога пожарот се прошири на целиот покривен дел од катедралата. Агенцијата AFP јавува дека се урнала камбанеријата на храмот во Париз посветен на Богородица.

„Сѐ гори. Покривот чиј дел датира од XIX век, а дел од XIII век. Од него нема да остане ништо“, изјавил портапролот на катедралата Андре Фино.

Причината за пожарот засега не е позната, меѓутоа пожарникарите сметаат дека може да биде поврзана со градежните работи на обновување на црквата.

Париската градночалничка Ан Идалго објави на Twitter дека станува збор за „ужасен пожар“. Макрон требаше во понеделникот вечерта по тримесечната „голема јавна дебата“ да го изнесе својот план како одговоро на кризата предизвикна од протестите на граѓанскот движење Жолти елеци.

„Како и сите наши граѓани, тажен сум што морам да гледам како гори дел од нас“, напиша на Twitter францускиот претседател

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.