ВИДЕО: Србија ќе додели 1,2 милиони евра помош за Македонија, обезбедна од Демократската партија на Србите

Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите, на вчерашниот митинг на Коалицијата за подобра Македонија во скопската населба Карпош, најави помош од Република Србија.

Како што истакна во своето обраќање Стоиљковиќ, во Белград се договорил за пријателска помош за Македонија. Со ова се потврдува пријателството кое е изградено во иминатите години кога владата беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија.

Бев во Белград во официјална посета, и носам добри вести. Ние се договоривме Владата на Република Србија како знак на пријателство кон Македонија да издвои 1,2 милиони евра за реализација на проекти во Република Македонија. Да ги видиме сега оние кои напаѓаат кој гради пријателства, а кој руши пријателства, кој гради во Република Македонија, а кој се обидува да руши во Република Македонија, потенцираше Иван Стоиљковиќ.

Владата на Србија исто така има дадено помош на српските и бошњачките средини во Република Српска и во Босна и Херцеговина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.