Виктор Апостоловски скокна во тавче на Босфорот

Македонскиот пејач, автор и музичар Виктор Апостоловски вечерва пријатно ги изненади фановите.

Талентираниот битолчанец кој се прослави во шоуто „Идол“ на мошне симпатичен начин ја побара за жена девојката Милена Доневска.

Херојот од несудениот евровизиски хит „Супермен“ ја запроси саканата во Истанбул.

Додека таа се подготвуваше да му позира свртена со грб, тој го извади прстенот, клекна и веќе претпоставувате што следуваше.