Владимир Четкар со попладневен концерт на oхридскиот pлоштад оваа сабота

Оваа сабота, 11-ти јануари во 130 часот светски афирмираниот македонски музичар Владимир Четкар ќе одржи бесплатен концерт на охридскиот плоштад кој ќе се одржи во рамките на програмата ‘Охрид ве Очекува’ во организација на Општина Охрид.

Четкар на овој попладневен концерт ќе се претстави со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл во кој ќе настапат некој од најдобрите музичари на македонската сцена односно Ѓоле Максимовски – бас гитара, Сара Николовска и Ана Костадиновска – придружни вокали, Филип Стевановски-тромбон, Виктор Филиповски-тапани, Демир Кантуровски-труба, Игор Величковски- тенор саксофон, Ратко Даутовски – прекусии и Филип Димисковски – клавијатури.