Забранет влез во Хрватска со српски пасош

На граничниот премин Бајаково по почетокот на примените на мерките на Владата на Србија кон Хрватска, во земјата неможе да влезе никој со српски пасош.

Танјуг јавува дека некои возила и автобуси по полноќ биле вратени од граничниот премин Бајаково во Србија.

Автобусот на српската компанија „Ласта“ што сообраќа на релацијата Белград – Бања Лука белградски регистарски таблички бил вратен од преминот Бајаково околу 1.30 часот по полноќ, а патниците за Танјуг изјавиле дека не ги пуштиле да влезат во Хрватска.

Забранет влез во Хрватска со српски пасош
Забранет влез во Хрватска со српски пасош

Кога дојдовме на границата не вратија со образложение: „неможе српско возило, ниту српски пасош да влезе на територијата на Хрватска на ниту еден премин“, изјавила една од патничките во автобусот.

Таа додава дека возачот сакал да се врати во Белград, но дека патниците инсистираат сеуште да се задржат на граничниот премин Батровци, затоа што очекуваат дека можеби ќе поминат.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека забраната за влез во Хрватска за патничките автомобили и автобуси со српски регистарски таблички претставува „одговор на Србија“.