ВМРО-ДПМНЕ излегува на протести за заштита на Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повикува на надпартиски предупредувачки протест во Скопје за одбрана на македонските црвени линии во четврток со почеток во 18 часот, објавија вечерва лидерот Христијан Мицкоски и партискиот функционер Владо Мисајловски.

Реакцијата на опозициската партија доаѓа по бројните изливи на незадоволство, разочараности и стравувања во македонската јавност во врска со ставовите кои премиерот Зоран Заев ги изнесе во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНес емитувано во средата а кои навестуваат многу можно прифаќање на барањата на Софија на штета на македонскиот идентитет и самобитност за одблокирање на интегративните процеси на Македонија.

„Протест сега, за да не биде предоцна!
Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не!
Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи.
Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна.
Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет.
Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.
Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.
Сега, за да не биде предоцна!“

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски, лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ !!! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Повикуваме на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет.
Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.
Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.
Сега, за да не биде предоцна!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!“, објавио на својот фејсбук профил Мисајловски.