ВМРО – ДПМНЕ: Најдобрата анкета се изборите

Најдобрата анкета се изборите. СДСМ во изминативе 10 години може да се пофали само со успех во дел од анкетите кои си ги нарачува и кои 10 години со ред не им се остваруваат. Затоа СДСМ има алергиска реакција кога ќе излезе објективна сондажа на мислењето на јавноста, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Најдобрата анкета се изборите. СДСМ во изминативе 10 години може да се пофали само со успех во дел од анкетите кои си ги нарачува и кои 10 години со ред не им се остваруваат. Затоа СДСМ има алергиска реакција кога ќе излезе објективна сондажа на мислењето на јавноста.

Затоа за СДСМ сите анкети во кои заостануваат дупло зад ВМРО-ДПМНЕ се неверодостојни, стари. Дури и анкетите направени кога СДСМ се обидуваше да го фати најголемиот залет, набргу после нивниот партиски митинг на 17-ти мај покажуваат убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа предност не се стекнува кога народот си го нарекуваш „стока“ и „стадо овци“, како што тоа го прави СДСМ. Таа предност не се стекнува ако го манипулираш народот дека тоа што го гледа не го гледа, а тоа што не го видел СДСМ го остварил.

Таа предност се заслужува со работа, со слушање на гласот на народот и со постојано бранење на честа и достоинството на тој народ.

Во халуциногените визии на СДСМ народот бил на нозе и ги поддржал во огромен број, иако сите ги видоа 50-тината поддржувачи на СДСМ на сите нивни дефилеа низ македонските градови.

Затоа СДСМ не ја сака математиката. Затоа СДСМ не ја сака логиката. Бидејќи со лагите и манипулациите може се лажат единствено самите во нивните соопштенија. Не и народот.

На 24 април СДСМ ќе ги види резултатите од најновата најрелевантна анкета. Дотогаш, СДСМ има уште 156 дена за халуцинирање. Но, будењето од халуцинациите ќе биде лошо за СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.