Воена парада во Киев, поворка на воени заробеници во Доњецк

Украина денеска ја прославува 23-годишнината од својата независност, додека на истокот на земјата продолжуваат борбите.

И додека во Киев се одржува воена парада, во Доњецк во тек се жестоки судири, но и перформанси во кои луѓе и деца го газат украинското знаме и се спроведуваат поворки од заробени украински војници.

Во украинскиот конфликт досега загинале над 2.000 луѓе. Најмалку 415.800 луѓе ги напуштиле своите домови поради конфликтот меѓу владините сили и проруските бунтовници на истокот на Украина, соопштила агенцијата на Обединетите нации за бегалци УНХЦР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.