Воена база погодена од „терористички напад“ во отцепениот регион во близина на Украина

Почнувајќи од понеделникот, серија терористички напади го погодија отцепениот регион Придњестровје, официјално познат како Приднестровска Молдавска Република (ПМР), кој се граничи со Украина, изјави нејзиниот лидер во вторникот.

Претседателот на Придњестровје, Вадим Красноселски, го стави регионот во состојба на терористичка готовност, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на веб-страницата на претседателот.

Две едноподруго експлозии го потресоа радиодифузниот центар во селото Мајак во вторникот наутро, соопшти Министерството за внатрешни работи на регионот. Се додава дека никој не е повреден, но двете најголеми антени, кои ги пренесувале руските радио станици, се оневозможени.

Друг инцидент се случи на воена локација во близина на селото Паркани. Извештаите што се појавија во понеделникот на социјалните мрежи велат дека имало две експлозии.

Исто така во понеделникот, зградата на Министерството за државна безбедност во главниот град на регионот, Тираспол, беше гранатирана со ракетни гранати, но и без жртви, според Министерството за внатрешни работи.

Молдавската претседателка Маја Санду ќе го свика Врховниот совет за безбедност на земјата за да разговара за ова прашање подоцна во вторник.

Приднестровје, каде што јанголем дел од населението се  рускојазични, еднострано се одвои од Молдавија додека Советскиот Сојуз се распаѓаше. Руски мировни сили се стационирани таму од раните 1990-ти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.