Воени маневри на Русија, Узбекистан и Таџикистан близу границата со Авганистан

Заеднички вежби на воени единици од Русија, Узбекистан и Таџикистан ќе се одржат во периодот од 5-ти до 10-ти август на таџикистанскиот воен полигон Харб-Мајдон, на само 20 километри од границата со Авганистам, соопшто во понеделникот командантот на рускиот Централен воен округ, генерал-полковникот Александар Лапин, пренесуваат руските медиуми.

Русија стравува дека спиралата на насилствата во Авганистан може да се прелее во нејзините соседни земји во Централна Азија, како бранови бегалци или џихадистички закани, па дури и да предизвикаат граѓанска војна во една од поранешните советски републики.

Некои од авганистанските војници преминуваат на територијата на соседен Таџикистан. Поради тоа владата во Душанбе побара од сојузниците во регионот помош во справувањето со предизвиците кои доаѓаат од Авганистан и за заеднички напори за зајакнување на јужните граници.

Во Авганистан во моментов се водат жестоки борби меѓу владините сили и талибанските бунтовници, кои зазедоа значителен број окрузи во руралните области и започнаа офанзива за освојување на големите градови окружни центари.

„На почетокот од август ќе учествуваме во заедничка вежба со учество на воени контингенти на вооружените сили на Таџикистан и Узбекистан на полигонот Харб-Мејдон. Во текот на вежбите ќе работиме на подготовка за спроведување борбени дејствија на здружена група сили за разбивање сили на нелегални вооружени формации кои ја нападнела теритпоријата на сојузната држава“, го цитира агенцијата ТАСС генералот Лапин.

Засега не е објавен бројот на војниците на трите земји кои ќе бидат вклучени во најавените воени маневри во чувствителната област.

На барање на медиумите, од рускиот Централен воен округ појасниле дека главнината на рускиот воен контингент ќе бидат единици на 201-та воена база, ридскобрдската моторизирана единица, тенкови, артилериски единици, како и групи на специјалните сили. Покрај тоа, во вежбите ќе бидат ангажирани и единици за РХБ (радијациска, хемиска и биолошка) заштита, како и единици за мобилно електронско војување.

Споменатата руска 201-ва воена база е стационирана во Таџикистан во најголемиот руски воен објект надвор од државните граници. Сместена е во два града, крај главниот Душанбе и крај Бохтар. Покрај моторизирана ридско планинска единици, артилерија, вклучува и извиднички единици, е единици за противвоздушни и хемиско-радиолошка и комуникациска одбрана.