Воени почести по повод одбележувањето на Денот на АРМ

По повод чествувањето на Денот на АРМ- 18 Август, денеска на градските гробишта во Бутел, предвидена е церемонија за полагање венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Венци со свежо цвеќе ќе положат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, како и делегации од Kабинетот на претседателот, на Собранието, на Владата, Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија и други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.