Војдан Стојановски и Руди Фернандез – тие се главните во АЦБ лигата за ова коло

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски уште на стартот од новата авантура во Шпанија покажа дека ќе биде огромно засилување за Мора Бенк Андора.

Војдан е избран за МВП на колото, откако на натпреварот против Ла Бруиса постигна 24 поени, на кои додаде и 2 скока, 2 асистенции и 1 украдена топка, со што беше најзаслужен за победата на неговиот тим.

Инаку наградата за најкорисен играч на колото ја подели со Руди Фернандез од Реал Мадрид, што го става рамо до рамо со кошаркар кој има и НБА портфолио.

Двајцата кошаркари добија признание од АЦБ лигата и со овој видео материјал, кој може да го погледнете ТУКА.