Вонредна состојба во 60 француски градови поради поплавите

Властите во Франција денеска прогласија вонредна ситуација во околу 60 јужни градови, зафатени од поројни дождови и поплави, пишува МИА.

Градот Монпеље се наоѓа под вода, а исто така и голем број патишта и железници се поплавени.

Повеќе од 4.000 луѓе ширум регионот Лангдок Русијон ја минале ноќта во прифатни центри и училишта, а голем број луѓе останале блокирани на аеродромите и железничките станици.

Спасувачките екипи извршиле над 1.200 интервенции на терен, поддржани од три хеликоптери.