(ВИДЕО) Вооружени и маскирани лица го запалиле грчкото знаме во Ксамил

Во албанското приморско гратче Ксамил синоќа е запалено грчкото знаме, јави дописничката на МИА.

Во видеозаписот објавен на социјалните мрежи а го преземаат и медиумите се гледаат три лица кои се вооружени, маскирани и облечени во војничка униформа, како го палат грчкото а го развејуваат албанското знаме.

На објавата уште пишува „Порака за Грците од југот на Албанија. Морето е наше“ (Ксамил).

Вандалскиот чин се случува во време на дебата околу морската граница меѓу двете земји, по најавата дека Грција се проширува во Јонско Море за 12 милји.

Полицијата почнала истрага за настанот.