ВОРИЈА: Бејли ги следи насоките на Сорос и бара мандат за Заев – Москва се противи

ворија

Иако политиката на САД сеуште е неизвесна, актуелниот американски амбасадор следејќи ја политиката на Обама (и на Сорос) отворено го застапува социјал-демократот Зоран Заев, при тоа давајќи му индиции на претседателот на пј Р Македонија да му го додели мандатот за да формира влада, иако вакво нешто е непознато во Уставот на земјата, се вели во анализата на порталот “Ворија”.

“Ворија” пишува дека против ваквите сценарија отворено застана Москва, во соопштение упатено преку амбасадата во Скопје.

Ставот на американскиот амбасадор најмногу им пречи на Русите, кои што индиректно, но јасно се во корист на Груевски, со кого имаат постигнато согласност за енергијата, што ги вознемири американските сенатори. Во соопштението на Руската амбасада во Скопје против јавното американско ( но и албанско ) мешање во внатрешните работи на Скопје, беше нагласено дека странските интервенции за наложување на решенија спротивно волјата на граѓаните, се многу опасни и треба да бидат осудени од меѓународната заедница, стои во текстот.

Во анализата се наведува и дека група републикански сенатори неодамна излегоа со поплаки против нивниот сонародник, амбасадорот во Скопје, поради неговото мешање во внатрешните политички работи на земјата. “Ворија” пишува дека шестмина сенатори го обвинија Џес Бејли дека отворено ја поддржува СДСМ и го олеснува основањето на невладини организации поврзани со партијата, преку насочување на средства од УСАИД кон нив.