20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Вработувањата во јавната администрација не стивнуваат- објавени нови огласи

Бранот на вработувања во јавната и државната администрација никако да престанат во предизборниот период.

Речиси нема ден, а да не се објават огласи за вработување, односно за само една недела над 16 институции објавија огласи за вработување на над 80 работни места.

Државни и јавни службеници се бараат во Државниот испитен центар, Службен весник, Министерството за правда, Комисијата за конкуренција, Комисијата за заштита од конкуренција, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот просветен инспекторат, Државното правобранителство, Судскиот совет, Генералниот секретаријата, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за информатичко општество и администрација, Институтот за стандардизација, како и 20те вработувања во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поточно во Управата за хидрометеоролошки работи.

За голем дел од огласите се нудат и доста солидни плати во зависност од позицијата.

Очите на јавноста се вперени токму во власта бидејќи таа е најодговорна за објавување на ваквите огласи што предизвика и големо разочарување затоа што и покрај големите ветувања од страна на СДСМ и премиерот Зоран Заев дека на Македонија и е потребна професионална и државна управа и јавен сектор во служба на граѓаните и натаму се примаат кадри по партиски и роднински правила.

Главен проблем што бранува во јавноста е што не е доволно познато дали вработените ги исполнуваат критериумите за стручност за да бидат вработени во институциите на државата.

               

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.