Времен режим на патот кон Македонски Брод преку „Јасен“

Патот за Македонски Брод преку ЈП „Јасен“ в сабота, 30 август ќе биде прооден според одреден режим поради одржувањето на манифестацијата „Козјак Маратон 2014“.

Како што соопштија од ЈП „Јасен’ од 7 до 12 часот, посетителите без ограничување ќе можат да се движат во правец од Скопје кон Марков Манастир – Нова Брезница – Кула – Коломонт – мост на Близанско – село Близанско на брегот на Акумулацијата каде што ќе се одржува спортска манифестација „Македонски куп во далечинско пливање – Козјак Маратон‘‘ 2014.

Заминувањето на посетителите и учесниците на манифестацијата ќе се одвива од 13 до 21 часот без ограничување само во правец кон Скопје, а режимот на движење ќе го регулира сообраќајната полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.