Заев: Избори на 5 јули, нема потреба од нова вонредна состојба

Вонредната сосотојба досега се носеше заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата не гледа потреба да носи четврти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5-ти јули – изјави Заев за весникот „Вечер“.

Вонредната сосотојба, како што посочува претседателот на СДСМ, нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од коронавирусот.