Загина пешак кај Трубарево

Жител на скопско Трубарево бил прегазен од автомобил, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15.30 часот на регионалниот пат Скопје- Велес на раскрсницата со село Трубарево.

Тогаш С.С.(49) од селото,  управувајќи автомобил „шевролет спарк“ во пешакот Т.Б.(84) , негов соселанец.

Старецот со тешки повреди бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 19.20 часот починал.