Загриженост меѓу стартапите во САД по пропаѓањето на „Silicon Valley Bank“

Пропаѓањето на „Silicon Valley Bank“ (SVB) предизвика стравувања и загриженост во ткн Силиконска (Силициумска) долина, разоткривајќи го негативното влијание на подигнатите трошоци за кредитирање на иновативните технолошки компании и нивите проблеми со изнаоѓање сугурен извор на финансирање.

Банката „Silicon Valley Bank“ беше специјализирана за операции со стартапи, како и кредитирање, и ги сервисирала речиси половината од компании во технолошкиот и секторот за здравствена нега кои имале финансиска поддршка од американските фондови ги излистале акциите во берзанска котација во 2022 година.

Банката е основана во 1983 година во Калифорнија, а се најде под притисок поради подигнатите клучни каматни стапки од страна и се покажа дека банкротот на „Silicon Valley Bank“ е поврзан со зголемувањето на клучните каматни стапки од страна на американската централна банка Federal Reserve (Fed), што довело до депресијација на активните на многу финансиски институции.

Тоа го отежна набавувањето на пари преку продажба на акции и понуди за приватните инвеститори за нејзините клиенти. Затоа стартапите почнале да ги повлекуваат депозитите, а трендот минатата седмица остро забрзал. На 8-ми март банката објави продажба на практично сите свои хартии од вредност и претрпе загуба и по плаќањето на даноците од 1,8 милијарди долари. Обидите за привлекување капитал од две милијарди долари, следниот ден заврши неуспешно. Акциите на „Silicon Valley Bank“ потонаа за повеќе од 60 отсто, а на 10-ти март тргувањето беше целосно запрено. Како резултат на тоа, американскиот банкарски сектор потона за 6,5 отсто на 9-ти март и за уште 3,5 отсто следниот трговски ден. Потоа „Silicon Valley Bank“ ангажираше финансиски консултанти да ја истражат можноста за продажба на банката.

На крајот од минатата година гаранциите не покривале околу 89 отсто од депозитите на „Silicon Valley Bank“ во износ од 175 милијарди долари, според податоците на Федералната корпорација за заштита на депозитите (FDIC).

А досега, во споредба со другите банки, „Silicon Valley Bank“ важеше како веродостоен извор на финансирање за стартапите, потсетуваат американските медиуми.

Колапсот на банката го доведе во прашање исплаќањето на платите во малите и средни претпријатија. Стравувањата ги стивнаа регулаторите, порачувајќи им на клиентите дека од понеделникот ќе можат да ги подигнуваат своите депозити до 250.000 долари и да ги исплатат платите за минатата седмица. Акционерите и неосигурените кредитори нема да сметаат на исто ниво на заштита. Но интервенцијата на финансиските власти предизвика олеснување меѓу стартапите.

„Silicon Valley Bank“ имала филијала и во Велика Британија, па британската влада и тамошната централна банка Bank of England (BoE) во текот на викендот одржаа итен состанок за да се спречи нејзиното крахирање. Во понеделникот утрото британската комерцијална банка HSBC објави дека ја купува „Silicon Valley Bank UK“ за една фунта. Беше објавено дека филијалата на 10-ти март имала заеми од околу 5,5 милијарди фунти и околу 6,7 милијарди фунти во депозити.

„Тоа е голем чекор во обновувањето на довербата во стартап заедницата. Бројни стартапи веќе планирале кризни мерки кои веројатно би довеле до нов бран откази и невработени работници. Мерките ја донесоа многу потребната сигурност дека сите во понеделник може да сметаат на платите“, вели за медиумите основачот на венчр-компанијата „Decibel Partners“, Јон Сакода.

Останува прашањето кој ќе ја замени „Silicon Valley Bank“ која до неделата не најде купувач и ќе ги поддржи компаниите коишто поголемите банки ги избегнуваат. Имено, по колапсот на калифорниската банка, штедачите ги „дампираа“ акциите на банките со слични активности и портфељи, како „First Republic“, „Signature Bank“ и „Western Alliance“. Многу од овие финансиски и кредитни институции опслужуваат клиенти почетници и имаат инвестициски портфељи слични на „Silicon Valley Bank“.

Големите технолошки компании веќе најавија бран откази, укажувајќи на слабости во периодот на стагнација на економијата. Извршните директори на стартапите се свртија кон социјалните мрежи и побараа помош.

Им се одѕва челникот на „OpenAI“, Сем Алтман, нудејќи им финансиска помош за да го пребродат неизвесниот период и да ги исплатат своите вработени.

Технолошкиот инвеститор Ашеш Брла прогнозира дека следните денови стартапите следните денови ќе започнат да отвораат сметки во големите банки. Компаниите со поголеми износи, веројатно, ќе вработат благајници и ќе настојуваат да ги намалат готовинските износи во сефовите. Тоа го потврди извршниот директор на „Rad AI“, Доктор Гурсон, кој најави дека планира да ги префрли парите на нова сметка во поголема банка, а сѐ уште не знае како ќе дојде до депозитот во „Silicon Valley Bank“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.