Закани со бомби на железничката станица во Берлин, за телевизија и седиште на партија

Неколку институции во главниот град Берлин известија за примени закани со бомби, откако во понеделникот и вторникот слични закани биле упатени во повеќе училишта и медиумски куќи во другите дрлови на Германија.

Полицијата соопшти во вторникот дека на удар била главната железничка станица во Берлин. Железничкиот оператер „Deutsche Bahn“ примил заканувачка електронска пошта во текот на ноќта, соопшти портпаролката на берлинската полиција.

Полицијата потоа ги засилила своите сили на Главната станица во Берлин и ја проценила опасноста. На крајот се дошло до претпоставката дека патниците не се животно загрозени.

Покрај тоа, полицијата извести и дека телевиската станица RTL, како и институцијата Куќата на Вили Бранд, седиштето на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD) на канцеларот Олаф Шполц, исто така, биле изложени на закани со бомби.

Било повикано Државното биро на криминалистичката полиција, но засега за овие закани нема поединости од страна на берлинската полиција.

Во понеделникот и вторникот бројни училишта ширум Германија добиле закани со бомби, а таква закана била упатена и до радио станици и на јавната телевизија ZDF. Во некои случаи, германската полиција ја спомена палестинската радикална исламска групација Хамас како наводен извор на заканите.

Последните две седмици е напната безбедносната ситуација во Германија во врска со војната меѓу Израел и Хамас, а подигнат е и степенот на деноноќната заштита на објектите во сопственост на еврејската заедница.

На забранетите протести за поддршка на Палестинците последните денови во неколку наврати се пријавени случаи на нападите врз медиумски работници со обвинувања дека објавуваат лаги. Пропалестинските организации во Германија ги критикуваат медиумите во земјата дека еднострано известуваат за војната во Газа.