Замер само малку нервозен поради Мартинез и Милер

Спортскиот директор на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Матиас Замер, експресно ја демантираше пласираната шпекулација од шпанските медиуми дека стандардниот првотимец во дресот на баварскиот гигант, Хави Мартинез на стартот од летниот преоден рок ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на Реал (М).

“Хави Мартинез во Реал (М), Томас Милер во некој друг клуб, можеби во дресот на Динамо од Дрезден. Чиста новнинарска шпекулација, уште една голема глупост на шпанските медиуми. Пак ќе повторам, не знам по кој пат, Баерн (М) е клуб кој купува, а не клуб кој продава. Мене не ме нервираат новинарските шпекулации, се нервирам кога ќе помислам, дури и на неколку секунди на Мартинез и Милер”, изјави Замер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.