Занимливости за новогодишната ноќ, најмногу се подаруваат чорапи, најскапата вечера чини 21.000 долари

Во најлудата ноќ најдолго ќе останат будни Русите, а потоа следуваат Украинците и Аргентинците, а најрано во кревет одат Кинезите и Израелците.

Спред една статистика – секој втор човек ќе подари еден новогодишен подарок. Први на листата подароци се чорапите.

Речиси милијарда жители на планетата ќе бидат покрај малите екрани, а на полноќ 61 отсто од луѓето ќе си посакаат среќа. Дека не сме толкави материјалисти, докажува податокот дека 60 отсто од луѓето повеќе сакаат на полноќ да се бакнат со некој посебен, отколку да добијат нов лаптоп.

На младите не им е лесно – секој четврти човек помлад од 25 години во најлудата ноќ се кара со некого, секој осми ја раскинува врската, а 40 отсто на 1 јануари се будат мамурни од лудување.

Не се знае каде е одржана најлудата новогодишна забава на светот, но најскапата е организирана за дочекот на 2010 година на една јахта. Кормилар бил Роман Абрамович, кој за тоа задоволство потрошил вистинска ситница, 7,6 милиони долари. Се јадело суши и кавијар, се пиело од кристал, а во тоа уживале Бон Џови, Џими Чу, Марк Џејкобс.

Најскапата празнична вечера била послужена во Њујорк во Емпајер стејт билдинг, каде на новогодишно мени се наоѓале скапи вина, кавијар, краби, школки, јастог, бифтек со пире од бели тартуфи и крем бруле залиен со најпознати вина. Цената била 21.000 долари.

Многу њујорчани сепак практикуваат бесплатна варијанта, дочек на Тајм Сквер. Гламурот на тој ден го оставаат дома.

Поради недостиг од јавни тоалети, многумина во најлудата ноќ ќе носат пелени за возрасни. И ќе водат сметка со возилата, бидејќи според податоците на американската национална компанија, повеќе автомобили се украдени на дочекот на Нова година, отколку на кој било друг ден.

Британците се грижат за своите паричници. Британскиот главен град е еден од најскапите на стариот континент за дочекот на Нова година, дури 190 отсто поскап од другите европски градови. Просечен Британец во новогодишната ноќ троши 200 фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.