Се запали автомобил во движење на наплатната рампа Петровец

Се запали автомобил во движење на наплатната рампа Петровец. Вчера околу 16.00 часот на наплатната рампа „Петровец“, автомобил „Ланд Ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С., се запалило во движење.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.