Здрави и вкусни грицки

Заборавете на чипс, соленки и смоки и одберете вкусни, но здрави грицки, за пред телевизор, додека учите, за седенки со друштвото или пак за одличен пикник со пријателите.

Мини сендвичиња – Интегралниот леб или кифличките исечкајте ги на мали парченца и пропрскајте ги со маслиново масло и сок од лимон. Надробете сирење, исечкајте свеж зеленчук и од горе ставете малку димен лосос или пилешко.

Грст здрави грицки– Бадеми, кикирики, индиски ореви, лешници… сè што ќе посакате е поздраво отколку чипсот.

Печен зеленчук- Зеленчукот знае да здодее, но не ако го потпечете на скара – Ако не сакате свежи зеленчуци, исецкајте ги на ситни парченца, потопете ги во маслиново масло и сок од лимон и ставете ги во рерна. Печете ги 15 минути на температура од 180 степени, а потоа извадете ги и додадете им малку сусам.

Овошна салата- Не заборавајте го вашето омилено овошје – Наполнете една чинија со банани, киви, јагоди, малини и што и да посакате. Не се вадете со реченицата „Заборавам да купам“.

Суво овошје – Измешајте си лешници, бадеми, суво грозје, смокви и брусници и наполнете се со витамини додека ги грицкате.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.