Цел месец „Здраво комшија“ во Карпош

„Здраво Комшија” е проект кој во текот на еден месец, почнувајќи од среда, секој посетител на спортскиот центар и кафе бар ФОРЦА, ќе добие бесплатно кафе, бесплатен утрински тренинг, како и консултации за здрава исхрана од професионални Велнес советници.

Овој прокет e несебично поддржан од Општина Карпош, а целта е зголемувањето на свеста за здрав живот и здрава храна, но и интелектуалната социјализација и секојдневна дружба  на граѓаните на Општина Карпош.

Во среда, со официјалното отпочнување на проектот, ќе бидат објавени и термините кои ќе бидат резервирани цел месец во ФОРЦА за „Здраво Комшија”.