Жарко Луковски неизвршен член на Одборот на директори на Македонски телеком

Собранието на Македонски Телеком на состанокот одржан на 20 декември 2013 година, го избра Жарко Луковски за неизвршен член на Одборот на директори со мандат од први јануари 2014. На истиот состанок, Собранието ги реизбра Оливер Костуранов и Назим Буши како неизвршни членови на Одборот на директори и Александар Стојков како независен неизвршен член на Одборот на директори.

Точката од предложениот Дневен ред за прифаќање и потврдување на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком и точката за усвојување на новиот Статут на Македонски Телеком се повлекоа од дневниот ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.