Железничка несреќа во Србија – воз излетал од шините кај Зајечар

Патнички воз излета од шините кај Зајечар во Србија. Како што е познато, нема повредени. Во возот имало десет патници.

На терен има екипи кои ќе истражуваат што точно се случило. Според српските медиуми, речиси е сигурно дека причина за излетувањето на возот од шините не била брзината, бидејќи станицата од која тргнал возот била оддалечена само стотина метри и возот не можел да развие брзина поголема од 20 км на час.

Камерите забележале и дека возот се движел по карпи, надвор од шините.