Жичницата до Милениумскиот крст од денеска по зимско работно време

Од денеска петок (1-ви ноември 2019 година), Скопската жичница ќе функционира според зимско работно време, односно ќе работи од 10 до 17 часот.

Последното возење од доле кон агоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот. Овој режим на работа ќе важи до 1 март. Потсетуваме дека неработни денови на Жичницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот, информират од ЈСП- Скопје.

Од денеска изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.