6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Жика Стојановски како независен кандидат во трка за градоначалник на Илинден

Актуелниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски потврди дека ќе се кандидира како независен кандидат на следните локални избори во октомври.

Според шпекулации во политичките кулоари, Стојановски се очекува да ја има поддршката од владејачката СДСМ.

Стојановски информираше дека неговата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена и дека за само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на Државна изборна комисија.

„Со кандидатурата за градоначалник следува листа на кандидати за членови на општинскиот Совет, тоа се добри и чесни луѓе кои знаат како храбро и сигурно да се соочат со проблемите на секое населено место и секој поединец, вели Стојановски

-Почитувани, ве известувам дека со силна поддршка од жителите на општина Илинден, и бизнис секторот, мојата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена. За само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на ДИК.

По исклучителните резултати што ја прават општина Илинден една од најуспешните на национално ниво во однос на одржливиот економски раст и развој, подготвен сум да продолжам со работа.

Се познаваме од 2005 година, започнавме со големи предизвици, работевме фокусирано и посветено, и сега, Општина Илинден како отворена, транспарентна и одговорна локална самоуправа, својот успех го мери преку критериумите: животен стандард, квалитет на живеење, образование, згрижување на деца од предучилишна возраст, вработеност.

Со кандидатурата за градоначалник следува листа на кандидати за членови на општинскиот Совет, тоа се добри и чесни луѓе кои знаат како храбро и сигурно да се соочат со проблемите на секое населено место и секој поединец.

Целиме кон подобар живот и среќни луѓе“, соопшти Стојановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.