Животниот пат на Лери Кинг, легендарниот водител кој интeрвјуираше илјадници славни личности

Легендарниот американски телевизиски и радио водител Лери Кинг, кој во кариерата која надмина шест децении интервјуираше најмалку педесет илјади светски челници, политичари, спортисти и личности од шоубизнисот, почина во саботата во 87 година од живоот во медицинскиот центар „Седар Синаи“ во Лос Анџелес.

Иако неговата продукциска куќа „Ora Media“, чиј и основач беше, не ја наведе причината за неговата смрт, според медиумските извештаи Кинг на почетокот од јануари бил хоспитализиран поради последици од заразата со коронавирусот. Во 2017 година Кинг обелодени за својата борба со ракот на белите дробови, а во април 2019 година беше подложен на ангиопластика.

„Со длабока тага (студиото) Ora Media соопштува за смртта на еден од нејзините основачи, водетелот и пријател Лери Кинг, кој почина утрово на 87-годишна возраст во Медицинскиот центар Седар-Синаи во Лос Анџелес“, се наведува во соопштението.

„Во текот на 63-те години работа на различните платформи, како радио, телевизија и дигиталните медиуми, Лери направи илјадници интервјуа, доби бројни награди и светски признанија, кои сведочат за неговиот единствен и траен талент“, се додава во објавата.

Имаше многи здравствени проблеми. Кинг преживеа срцев удар и во 1987 година му е вргадено срцево премостување. Тоа го наведе една година подоцна да ја основа фондацијата „Larry King Cardiac“. Во 2007 година беше подвргнат на операција за затнување на артериите, а во 2010 година се лекуваше од рак на простатата, а во 2017 година потврди дека се лекува од рак на белите дробови. Уште еден срцев удар доживеа во 2019 година.

Минатата година беше особено тешка за славниот водител. Загуби две од своите пет деца. Шеесет ипетгодишниот син Енди почина од срцев удар, а 51-годишната ќерка Каиа почина по тешка борба со ракот на белите дробови. Двете трагедии се случија во период од само пет седмици во летото 2020 година.

Кинг се женеше осум пати со седум жени, последниот пат со 26 години помладата Шона Саутвик, со која на крајот се разведе.

Не сакаше да биде доживуван како новинар

Милионски аудиториум го следеше Лери Кинг кој интервјуираше бројни светски челници, забавувачи, спортисти, уметници и други познати личности кои му гостуваа во емисијата „Larry King Live“, која се емитуваше на телевизијата CNN во периодот од 1985 до 2010 година. Во 2013 година Лери Кинг предизвика бранувања кога правата на своите телевизиски емисии ги продаде на руската меѓународна телевизиска мрежа RT America, каде што и продолжи да работи.

Помалку наведнат над своето биро во студиото и со постојано засуканите ракави од кошулата, со шарени вратоврски, трегери и карактеристичните очила, Лери Кинг емисијата многу брзо ја направи една од најгледаните на CNN, комбинирајќи интервјуа, политички дискусии, дебати за актуелни настани и телефонски јавувања од гледачите.

Дури и во времето на неговата најголема популарност, критичарите го обвинуваа Кинг дека премалку истражува пред почетокот на емисијата и оти на гостите им поставува прашања со кои им оди во пролог, за тие да можат да одговорат на доста самопромотивен начин. Признаваше дека не истражува многу, за да заедно со гледачите да може да дознае нешто ново за своите гости. Покрај тоа, честопати зборуваше и дека не сакал да биде дожувуван како новинар.

„Мислам дека мојата должност е да го насочувам соговорникот. Ги поставувам најдобрите прашања што можам. Ги слушам одговорите. Се обидувам да го следам соговорникот, надевајќи се дека публиката носи заклучоци. Не сум тука јас да носам заклучоци. Не сум водител на емисија во некоја сапуница… Значи, јас тука се обидувам да го претставам својот гостин во најдоброто светло“, рече Кинг за Hartford Courant во разговор од 2007 година.

Претседатели и премиери

Меѓу гостите на Кинг беа бројни американски претседатели, уште од Џералд Форд, меѓународни челници, како што беше лидерот на Палестинското ослободително движење (PLO), Јасер Арафат, негогашниот израелски премиер Јицак Рабин, британскиот премиер Тони Блер, последниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, како и бројни забавувачи – од Боб Хоуп до Снуп Дог.

Рускиот претседател Владимир Путин прв од светските лидери во саботата по веста се огласи изразувајќи признание на „големиот професионелец на американското новинарство“ кој неколкупати го интервјуираше.

„Тие неколкупати се сретнаа. Кинг повеќепати го интервјуираше Путин. Претседателот секогаш го ценеше неговиот највисок професионализам и неоспорниот новинарски авторитет“, изјави порптаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите во саботата.

Лери Кинг никогаш не ги сокриваше своите старомодни наклонетости и сакаше да се присетува на изведувачите како Френк Синатра и Артур Годфри. Во 2006 година на еден гостин му призна дека никогаш не пребарувал на интернет. Притоа го праша: „А што притоа всушност правите, притиската некое копче или слично?“.

Меѓутоа, Кинг до 2012 година сепак преку дигиталнта мрежа на Ora TV се задржа на интернет со емисијата „Larry King Now“, а подоцна и на стриминг платформата Hulu. Редовно се огласуваше и преку Twitter, промовирајќи ги своите интервјуа или пишувајќи едноставно што ќе му дојде напамет, како „Не сакам да јадам артичоки“, „Мој омилен вкус на џел-о е лимета“ и „Сакам да кажам ‘сакр блу’“, што всушност беше своевидна интернет верзија којашто своевремено ја пишуваше за весникот USA Today.

Почетоците на радио во Мајами и апсење

Кинг веќе е етаблиран водител на радио-емисии кога на 3-ти јуни 1985 година од Вашингтон е емитувано неговото прво телевизиско јавување за CNN, пет години откако богаташот Тед Тарнер ја отвори оваа телевизиска мрежа.

Емисијата „Larry King Live“ со времето станува една од најдобро оценетите емисии нa CCN. Кинг ја напушти CNN во 2010 година, поради пад на гледаноста, по цели 25 години работа во оваа телевизиска мрежа, но и натаму работеше на шоуто кое го емитуваше на дигиталната мрежа „Ora TV“, чиј соочновач беше.

„Познавав многу луѓе кои беа стручњаци за шест или 12 работи, но се чини дека Лери е стручњак за сѐ. Никогаш не влегува во конфронтација со своите гости, а тоа е најважното“, изјави Дон Хјуит, авторот на сличното шоу „60 Minutes“ кое се емитува на телевизиската мрежа CBS News.

Лери Кинг е роден како Лоренс Харви Зејгер/ Цајгер на 19-ти ноември 1933 година во њујоршкиот кварт Бруклин, во семејство на мигранти ортодоксни Евреи. Таткото Аарон бил сопственик на ресторан, по потекло од Украина, а мајката Џени, шивачка по потекло од Литванија. Во една прилика раскажа дека уште на 5-годишна возраст знаел дека сака да биде на радио, а во 1957 година се преселил во Мајами откако дознал дека тоа е перспективен радиски пазар.

На радиостаницата во Мајами Бич работел секакви работи, додека еден ден не го замолиле да го замени спикерот кој дал отказ. Пред да се огласи во етерот, шефот на радиостаницата го замолил да го промени презимето во Кинг, бидејќи било полесно за изговарање од неговото вистинско презиме Зејгер односно Цајгер. Со текот на времето растела репутацијата, но истовремено со неа и неволјите.

Во 1971 година Лери Кинг е уапсен поради кражба по обвинување на финансиерот од Мајами, Лу Волфсон, кој имал проблеми со државните органи кои го контролираат прометот со акции. Волфсон наводно го плаќал Кинг надевајќи се дека ќе успее да влијае врз администрацијата на тогашниот американски претедател Ричард Никсон.

Обвинувањето против Кинг е отфрлено поради застарување, но скандалот го оддалечи од етерот цели три години. Во тој период работел на односи со јавноста во Луизијана, додека не го вработила станица WIOD. Успеал да го врати старото влијаени и популарноста, а во 1978 година медиумската мрежа Mutual radio network му дала можност да ѝ се претстави на публиката во целата земја. Тогаш се преселува во Вашингтон, а набрзо потоа започнува да работи за CNN.