Жизел Бундшен и Том Брејди потврдија дека се развеле

„Одлуката да ставиме крај на бракот никогаш не е лесна, но ние се разделивме и иако секако е тешко да се помине низ вакво нешто, се чувствувам благословена за времето поминато заедно и секогаш му посакувам само најдобро на Том“, објави Жизел Бундшен (42).

Бразилската манекенка и нејзиниот сопруг НФЛ играчот Том Брејди (45) потврдија дека решиле да се разведат по 13 години брак.

Откако Жизел се огласи, се јави и Том. Тој откри како дошле до одлуката за развод и призна за што е благодарен.

„Дојдовме до оваа одлука спогодбено и со благодарност за времето поминато заедно“, напиша тој на Инстаграм. Нивните деца им се важни и не сакаат на ниту еден начин да го загрозат нивниот однос, па заедно ќе го делат старателството.

„Со голема благодарност за времето поминато заедно, Том и јас пријателски го финализиравме нашиот развод. Мојот приоритет отсекогаш биле и ќе бидат нашите деца, кои ги сакам со целото мое срце. Ќе продолжиме заеднички да бидеме родители за да им ја дадеме љубовта, грижата и вниманието што толку многу ги заслужуваат“, се вели во објавата на Жизел Бундшен.

Жизел и Том се венчаа во 2009 година и добија две деца – синот Бенџамин (12) и ќерката Вивијан (9).