ЖРК Куманово го одбрани трофејот во Купот на Македонија

foto: gol.mk

Ракомерките на ЖРК Куманово славеа над ЖРК Вардар со 28:18 во финалниот меч во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Кумановки го потврдија статусот на фаворитки и успеаа да го одбранат трофејот кој го освоија пред две години.

Првиот дел донесе далеку подобра, поизедначена игра во која Куманово се избори за предност од 12-9 во салата Автокоманда во Скопје.

Сосема заслужено трофејот заврши во рацете на Кумановки во чии редови најдобар стрелец беше  Јануловска со шест гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.