Зоран Цвијановиќ се најде на улица

Зоран Цвијановиќ се најде на улица
Зоран Цвијановиќ се најде на улица

Познатиот српски актери продуцент, Зоран Цвијановиќ, се најде на улица. Тој останал без својот стан и пари поради измама на неговиот некогашен пријател и соработник.

Зоран нема каде да преспие во Белград. Не можеше ни да сонува дека од пријател и соработник во бизнисот ќе доживее таква измама. Остана без ништо, вели негов познаник, објавија српските медиуми.

На почетокот на 2000 година Зоран Цвијановиќ со својот најдобар пријател почнале бизнис поврзан со рециклажа. Тие заедно земале кредит за набавка на машини.

Од Цвијановиќ било побарано својот удел во компанијата да му го препише на својот пријател за да подигнат уште еден кредит. Другата страна тоа никогаш не го направила, а после одбил на Зоран да му го врати неговиот дел од сопственоста. Работата се искомплицирала уште повеќе бидејќи актерот на својот бизнис партнер му ја дал и својата последна заштеда наменета за школување на ќерката.

Лошата вест за семејството на Зоран Цвијановиќ стигнала пред неколку дена кога морале да го напуштат станот каде што живеат,
Лошата вест за семејството на Зоран Цвијановиќ стигнала пред неколку дена кога морале да го напуштат станот каде што живеат,

Лошата вест за семејството на Зоран Цвијановиќ стигнала пред неколку дена кога морале да го напуштат станот каде што живеат, бидејќи не успеал да го исплати долгот од 70.000 евра,  па тој со семејството се нашле на улица.

Актерот својот татко го сместил во старски дом, а во пресрет му излегле и Милорад Мандиќ Манда кој го ангажирал во театарот „Бошко Буха“ и Емир Костурица кој го земал во својот филм „На млечниот пат“, за барем малку да му ја олеснат ситуацијата во која се нашол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.