Темелко: Ние не сме Македонци од кога се создадоа некои партии, ние сме автохтони Македонци од Пустец

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, во своето гостување на Сител зборуваше за општина Пустец и истакна дека од година на година се променуваат условите за живот во општината, како и дека досегашните случување нема да ги поколебаат гласачите да излезат на избори.

Тој гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ и опширно разговараше во врска со случувањата во општина Пустец и неговото приведување кое се случи минатата недела.

Многу државјани од Македонија, особено новинари, кои одеа порано, знаеја во каква општина доаѓаат, без асфалт… Во влезот немаше ни зграда на граничен премин. Сега сликата е променета, иако има многу други проблеми што треба да се решат за подобар живот на Македонците. Ние направивме и многу успеси за унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. Сите Македонци во Албанија, во Пустец, се чувствуваа навредени од чинот на моето апсење, над 90% од жителите мислат дека тоа го направија за да ги заплашат, дека ќе им се случи истото како и мене ако одат да гласаат. Така го примија тоа, но ние сме тука, да ги охрабриме да не се плашат, тоа се работи што ќе поминат. Ние не сме Македонци откако се создаде некоја политичка партија во Република Македонија, ние сме старо родени Македонци и пред да има тука партии и лидери и така ќе останеме, тука нема да не поколеба да сме тоа што сме и да продолжиме понатаму, истакна тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.