Балкан

Темелко по третпат ќе ја бара довербата на жителите на Пустец

Темелко по третпат ќе ја бара довербата на жителите на Пустец

Актуелниот градоначалник на општина Пустец и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАУИ), Едмонд Темелко по трет пат ќе се обиде да ја добие довербата на жителите на Пустец, објави МИА.

Темелко,кој на последните локални избори пред четири години, со макисимален број гласови вторпат беше избран за градоначалник и беше во коалиција со  Демократската партија, овој пат ќе бара нов мандат во коалиција со Социјалистичката партiја на премиерот Еди Рама.

– Македонската алијанса за европски интеграции на овие локални избори на 21 јуни излегува со листа на советници во повеќе општини и со едно градоначалничко место, каде за кандидат за градоначалник во општина Пустец ќе бидам јас. Се надеваме на овие локални избори македонската партија да земе што повеќе гласови за што повеќе да се промовираме и да покажеме во албанското општество дека ние постоиме и треба да го добиеме тоа што ни следи и тоа што го заслужуваме, изјави Темелко.

Платформата со која Македонска алијанса ќе оди на изборите во коалиција со социјалистите останува непроменета, односно унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија, изучување на мајчиниот македонски јазик на целата територија на Република Албанија, соодветна застапеност во администрацијата, вложување во инфраструктурата во регионите каде живеат Македонците и подобрување на нивната економска положба.

Темелко ужива голема доверба меѓу Македонците, зашто во изминатте осум години, од кога е тој градоначалник, Преспа почнува да наликува на урбана средина, изградени се многу патишта, селски водоводи, а од корен е реновиран и преминот  Стење кај Ресен