14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Темелко зад решетки, а осудените криминалци на слобода!

Наспроти локалните изботи и во ек на политичка кампања, СДСМ спроведува уште еден „спектакл“ што би требало на учесниците во претстојната трка да им даде на знаење дека се надмоќни, но, сепак, спротвно на тоа праќаат порака дека се само нервозни и исплашени.

Дека кампањата нема да помине мазно и политички коректно и дека сегашната владејачка структура има поинаков план, сличен на оној со кој ја доби централната власт, веќе се наѕира на самиот старт. Најголема поткрепа, според веќе испробана практика, веројатно  ќе се очекува од СЈО и судот како негов сервис.

Мразот го пробија на најмизерен начин, со апсење на единствениот Македонец градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, кој воедно е тешко болен, а причната е повеќе од очигледна – заплашување, како вразумувачка порака до гласачите од Албанија на локалните избори во државава.

Според информациите што ги добивме, по објавената потерница, Едомд Темелко дошол во Скопје да се пријави во судот за да го однесат во притвор. Тогаш му се јавил началникот на полиција во Битола за да го информира дека има притвор за него и дека оди кон судот. Началникот му каажал дека е добро да му се јавиш на министерот Оливер Спасовски, но Едмонд одбил. По неколку минути се јавил Спаосвски и го прашал каде точно се наоѓа за да му прати пријател да му помогне. Темелко му ја кажал локацијата. По десетина минути дошле Алфи, му ставиле лисици на рацете и го уапсиле, а сето тоа било снимано со камери. Целта е спектакуларно апсење и наведување дека Темелко е  уапсен, а не дека сам се предал во судот, за понатаму да не му е олеснителна околност во случајот што СЈО го води против него.

Понижување на Македонците во Албанија

Темелко е притворен бидејќи 11 пати бил во Албанија со албанската лична карта и 11 пати се вратил во Македонија. Тој секоја среда уредно се јавувал во судот во Ресен, а потоа заминувал за Пустец каде што е градоначалник, а во петок се враќал. Доколку Темелко сакал да избега како што тврдат од СЈО, тој тоа можел да го стори кога сакал, а не постојано да се враќа во Македонија. Но, едно е сигурно, ако сакал да избега, тој досега можел да го стори тоа, а тоа што 11 пати отшол во Албанија и се вратил е доказ дека нема намера да бега.

А, ваквото понижување е само врвно непочитување на македонското национално малцинство, прашање кое во политиката на сегашната владејачка партија никогаш и не било приоритено.

Апсењето на Темелко, претставува и  жигосување на Македонците од Корча, Преспа, Голо Брдо, Тирана… Луѓе кои повеќе време минуваат во Македонија од оние лица кои имаат македонски пасоши и еднаш на четири години со чартер летови ги доаѓаат во Македонија на гласање, со цел да се одржи на вештачки начин етничката доминација во извесни општини.

Додека Темелко, Заев и Спасовски го апсат како криминалец опасен за опстанокот на Македонија, веќе осудени криминалци се пуштаат на слобода.

Претходната недела двајцата тешки криминалци беа пуштени на слобода.
На викенд беше пуштен кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства, но тој не се врати назад во затворот. Тој е познат по кондовската опсада на Скопје од 2004 година во пресрет на највениот референдум за новата територијална поделба на земјата договорен меѓу тогашната коалиција меѓу СДСМ и ДУИ кога заедно со од Косово изнајмениот Лирим Јакупи ткн командант Нацист, се закануваа со војна во обидот да се одвратата граѓаните од отфрлање на територијалнат поделба со којашто Кичево и Струга станаа мнозински албански општини. Тој во своето село Кондово на 8 септември, а неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои пишуваше „Добредојде команданту”.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку педест години затвор.

Од затвор е пуштен и Бајруш Сејдиу, осуден поради перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување и други тешки кривични дела. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до 4-ти октомври, а како што официјално е наведено „од медицински причини“.

Некогашниот сопственик на А1 телевизија и на дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха“, Велија Рамковски, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“, неодамна исто така е привремено пуштен на слобода, поради наводно лекување.

Премиерот Зоран Заев, најави Закон за амнестија и вети ослободување за осудени криминалци, кои според многу експерти значи подготвување на црни сценарија во пресрет на изборите, како главниот адут на владејачката партија.

Лошите услови во затворите го натерале премиерот да размслува во оваа насока, нудејќи логика дека во ваков случај подобро е затврениците да се помилуваат за да се растоварат затворите, а не да се изградат нови затвори и да се подобрат условите во нив.