Темелковски: Предавниците на Македонија испратиле човек да ме убие

Предавниците на Македонија испратиле човек да ме убие. Нека ме убие, нека не чека, нека ме убие веднаш! И 100 рани во моево тело се малку во споредба со раните во телото на Македонија. Секој ден истекува нејзината крв.

Со моќни зборови на кои треба да се поклони секој Македонец и да научи животна лекција, беше затворена вечерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Изговорени од устата на актерот Петар Темелковски, зборовите како нож се зариваат во храброто македонско срце.

-А бре луѓе, ние не излеговме в планинапо свој ќеф, ете така само да се прошетаме на чист воздух и да загинеме оти многу ни се гине. Тргнавме да се бориме против сите оние што и кројат црна кошула на Македонија. Против сите оние што и токмат свилен гајтан на Македонија и не мислиме да се враќаме назад. Се што ќе сретнеме на тој пат ќе го уништиме в корен. Испратиле човек да ме убие. Еден наш малоумен, еден наш нискомозочен Македонец го поткупиле со 10 лири и го испратиле да ме убие. Јас пред две недели поминав низ пазарот во Серес. Таму на тој пазар еден вол чини 100 лири, а ваму овој нашиот го поткупиле со 10 да ме убие мене. Па сега си мислам, се чудам и не можам да се изначудам. Како е возможно еден македонски војвода, еден пирински Цар да биде 10 пати поевтин од еден вол! Си мислам, се чудам и не можам да се изначудам и да разберам какви луѓе се тие, какви Македонци се тие, какви суштества се тие, какви созданија се тие. Јас знам дека секој народ има свои предавници кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што мислат за неговата судбина. Но, изгледа дека македонскиот народ има многу повеќе свои предавници отколку кој и да е друг народ!

Ова е само еден дел од текстот кој треба да го слушне секој кој ја љуби својата земја, секој човек кој е Македонец, затоа што да се биде Македонец, како што вели Темелковски, е света работа!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.