Темелна реконструкција на битолската болница

Набавена и инсталирана е најсовремена медицинска опрема за Клиничката болница во Битола во вредност од над 6 милиони евра, меѓу кои и ангиограф за интервентна кардиологија, апарат за компјутеризирана томографија, апарат за магнетна резонанца, аналоген мамографски систем, апарат за литотрипсија, кардиолошки ултразвук, гинеколошки ултразвучен 4D ехо апарат, инкубатори за недоносени новороденчиња со пациент монитор, и останата опрема, рече премиерот Груевски на народниот собир во овој град.

-Набавен е и акцелератор во вредност од 1.700.000 евра, и рентген-апарат во вредност околу 100.000 евра. Во тек е изградба на бункер за инсталирање на акцелератор за радиотерапија ,средства во износ од 47 милиони денари. Набавени се и 4 нови возила за Итната Медицинска Помош. Со проектот рурален доктор се овозможи здравствена заштита во 51 населено место во Битола, меѓу кои се и Карамани, Кишава, Крклино, Лавци, Лажец, Лисолај, Логоварди, Оптичари, Поешево, Трново, Црнобуки, Ѓавато, Жабени, Злокуќани, Кажани, Канино, Кременица, Стрежево и многу други населени места Сакам да потврдам дека Во Битола е планирана НОВА инвестиција во Клиничка болница во вредност од 90 милиони денари за реконструкција и подобрување на болницата. Објектот ќе добие енергетски ефикасна фасада, изолација и промена на сите прозори, промена на лифтовите и реновирање на тоалетите. Ќе биде извршена адаптација на стационарот, со оформување на двокреветни соби на дел од шестокреветните соби и со изведба на нови санитарни јазли. Треба да биде завршена до октомври 2016. Ова се средства коишто ги обезбедивме од остварените заштеди со домаќинско и транспарентно работење на владата и министерството за здравство, рече Груевски.