Tемпературите ќе се искачат до 40-иот степен

Tемпераутрите ќе се искачат до 40-иот степен

Времето  во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 степени,  а дневната од 30 до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 39 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

И во четврток времето ќе биде многу топло. Попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален повремено пороен дожд и појава на грмежи.

Во петок дневната температура ќе се спушти за три до четири степени и ќе се движи од 25 до 36 степени. Во сабота времето повторно ќе биде стабилно и потопло.