Балкан

Температури од -25 измерени во централна Романија

Температури од -25 измерени во централна Романија

Температурите во централниот дел на Романија се намалија утринава до минус 25 степени Целзиусови.

Оваа температура била измерена во градот Миеркура Чук, наречен уште и Малиот Сибир, кој се наоѓа во романскиот округ Харгита, пренесува БТА.

Најниската температура во месец февруари, која е измерена во овој округ, изнесува минус 35 степени во 1987 година.