Температури под нулата во Македонија

Во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Берово каде минималната температура е -18 степени, по што следуваат Маврово со -16, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Битола и Дебар со -14, Пожаране, Куманово и Крушево со -12, Штип и Скопје со -11, а Демир Капија, Струмица, Пожар, Прилеп и Ѓуриште -10 степени.

Утринавската температура во Тополчани, Кавадарци и Виница изнесува – 9 степени, во Гевгелија и Претор -7, во Охрид -6 и во Дојран -5 степени.

Најмногу снег во Маврово

Најмногу снег има во Маврово каде висината на снежната покривка изнесува 38 сантиметри, додека во Лазарополе има 30 сантиметри снег, во Берово 25, Пожаране 22, Крушево 19, во Ѓуриште 16 сантиметри…

Денес сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринава зголемена облачност има во југозападниот дел од државата. Дневната температура ќе се движи од -3 до 4 степени.

Денес сончево со умерена облачност
Денес сончево со умерена облачност

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 2 степена.

До крајот на неделата ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Утре дневните температури ќе бидат малку повисоки од денешните, а од петок повторно ќе опадннат за неколку степени.