Температури од жолта фаза, почитувајте ги препораките!

Температури од жолта фаза на територијата на цела држава. Потребно е да се почитуваат препораките од Министерството за здравство.

Од УХМР, за денес најавуваат сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од  11  до 18, а дневната од 30 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 17 и дневна до 34 степени.

Во недела попладне локален пороен дожд и грмежи

Во недела попладне локален пороен дожд и грмежи
Во недела попладне локален пороен дожд и грмежи

Според најавите сончево и топло ќе се задржи и во текот на утрешниот ден, додека во недела попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Пообилни врнежи се очекуваат во недела преку ноќта и во понеделник особено во западните и северните делови. Дневната температура ќе опадне за седум до 10 степени во однос на денешната, информираат од УХМР.

Почитувајте ги препораките

Потребно е граѓаните од цела држава да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Почитувајте ги препораките
Почитувајте ги препораките

Во продолжение се општи препораки за заштита на населението од високите летни температури:

  • Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
  • Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
  • Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
  • Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
  • При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
  • Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
  • Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е почитување на следните препораки:
  • Задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
  • Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
  • Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.